
Убиена 17-годишна ТикТок ѕвезда: Ја застрелало момчето кое неколкупати го одбила
Ѕвездата на ТикТок, Сана Јусаф, починала од смртоносна прострелна рана во нејзиниот дом во Исламабад, главниот град на Пакистан, во понеделник. Имала само 17 години. Сана, која има повеќе од милион следбеници на ТикТок, била застрелана од 22-годишно момче кое е уапсено.
Препорачано
Шефот на полицијата во Исламабад, Сајед Али Насир Ризви, на прес-конференција изјави дека Сана постојано го одбивала 22-годишникот и дека тој бил уапсен во рок од 20 часа од смртта на тинејџерката.
„Тоа бил случај на повеќекратно одбивање. Тој се обидувал да ја контактира одново и одново. Тоа било грозоморно и ладнокрвно убиство“, изјавил Ризви.
Тинејџерката била популарна креаторка на содржини на социјалните медиуми, особено на ТикТок. Споделувала разни видеа со совети за нега на кожата, промотивни видеа и ги покажувала своите облеки. Исто така, честопати го споделувала својот приватен живот, покажувајќи ги своите пријатели.
Последната објава што ја направила била за нејзиниот 17-ти роденден на која сече торта на прославата. Видеото било објавено само неколку часа пред да почине. Многу нејзини обожаватели оставаат коментари под видеото, барајќи правда за убиството.
@sanayousaf11 For u#pashtosong #pashtosong #gilgitbaltistan #foryou #foryou #gilgitbaltistan #pashtosong #foryou #foryoupage #foryou #foryou #foryoupage #foryou #gilgitbaltistan ♬ original sound – Vishakha Verma
Шокантниот инцидент се случува во време кога насилството врз жените и девојчињата во Пакистан е особено акутно. Минатата година, според студијата, низ целата земја биле пријавени повеќе од 24.000 случаи на киднапирање. Истражувачите додадоа дека во 2024 година биле пријавени повеќе од 2.000 случаи на семејно насилство, повеќе од 500 случаи на „убиства од чест“ и над 5.000 случаи на силување.
УНФПА Пакистан дополнително открива дека 28 отсто од жените на возраст меѓу 15 и 49 години доживеале физичко насилство, шест отсто претрпеле сексуално насилство, а 34 отсто од мажените жени доживеале физичко, сексуално и/или емоционално насилство од својот сопружник.0