Полиција пред црквата Св.Спас / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Уапсени тројца разбојници во Прилеп, краделе вредни работи во црква

Вчера попладне во 13.30 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп, во близина на с.Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека од кругот на црквата „Св.Никола“ во с.Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот