Уапсени тројца кавадарчани кои до смрт претепаа сограѓанин пред казино

Тројца млади кавадарчани го претепале до смрт нивниот сограѓанин ноќеска пред казино во Кавадарци. Министерството за внатрешни работи соопшти дека тројцата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава.

– Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.  Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци – соопшти МВР.

На местото на убиството се врши увид, се проверуваат надзорните камери од казиното. Утрово информацијата за убиството ја потврди раководител на Службената за итна медицинска помош.

Тој објасни дека нападнатиот имал смртоносни повреди на главата и кога лекарите дошле на лице место, човекот веќе бил починат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот