Фото: МИА

Уапсени петмина насилници, со камења гаѓале луѓе на фудбалски натпревар во Аеродром

Полицијата попладнево привела петмина осомничени дека за време на фудбалски натпревар на подрачјето на скопски Аеродром нападнале неколкумина гледачи, фрлајќи со камења кон нив, соопшти МВР.

– Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги лишија од слобода И.М., Д.М., Б.М., Ѓ.Н. и Н.М. по претходна пријава од Е.С. од село Коњари дека петмината насилници пред два дена околу 15 часот за време на фудбалски натпревар на фудбалски терен на подрачјето на општина Аеродром ги нападнале него и други гледачи, фрлајќи со тврди предмети кон нив, соопшти МВР.

Со приведените, како што додаваат, е извршен службен разговор во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за извршено кривично дело „насилство”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот