Фото: Nicolas Economou/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Уапсени двајца Непалци кои илегално влегле во Македонија

Двајца Непалци ќе бидат протерани бидејќи илегално влегле во Македонија.

„Вчера во 09.10 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле С.С.(29) и Р.П.(23), двајцата од Непал, кои илегално оствариле влез во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, а судија од Основен суд Куманово по претходна постапка донел пресуда со кое на лицата им се изрекува парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од земјата во траење од една година“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот