Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Уапсен шеф на меѓународен наркокартел во Истанбул

Шефот на меѓународен наркокартел Сами Али по кого трагаа германските власти со црвена потерница на Интерпол, е уапсен во Истанбул. Ова го соопшти турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот налог на мрежата „Икс“.

Шверцерот на дрога е фатен во рамките на акцијата „Картел-4“ спроведена заеднички од дирекциите за борба против нарко-криминалот, разузнавањето и нелегалниот сообраќај и граничните пунктови на Генералната дирекција за безбедност на подрачјето на Ускудар, каде се криел.

Според билтенот на Интерпол, тој бил баран од германските власти за нелегална трговија со дрога, трансфер на дрога, организирање магацини за дрога, финансирање на трговија со дрога.

Трговецот со дрога ќе биде предаден на германските власти, додаде турскиот министер за внатрешни работи, кој им се заблагодари на полицајците кои ја спроведоа операцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот