Фото: илустрација / Царинска управа

Уапсен лихвар од Гостиварско, со закана и измама ѝ зел автомобил на жртвата

39-годишен жител на Гостиварско ќе одговара за четири кривични дела, откако со изнуда и со закани оштетил жртва на која ѝ позајмил пари, соопшти МВР. Кривична пријава доби и нотар кој му помагал на осомничениот лихвар.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.В.(39) од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против Ј.Д.(48) од село Добри Дол, гостиварско и правно лице-нотар од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно вршење на службата“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“. Од 2022 година па до денот на пријавување, пријавениот Т.В. ја искористувал тешката имотна состојба на лице од Гостивар и во повеќе наврати му позајмувал пари со несразмерно висока камата. Имено, за заем од 35.000 евра, за една година му побарал камата од 15.000 евра, а потоа за истиот долг секој месец му барал камата од 3.000 евра“, велат од полицијата.

„Бидејќи оштетениот не можел да ја врати каматата, Т.В. со сила и со закани го присилил да склучи договор за купопродажба на имот, заверен кај нотар. На 27.09.2023, пријавениот направил фалсификуван купопродажбен договор за моторно возило кај нотарот во период кога оштетениот бил надвор од државата. Второпријавениот, кривичното дело го сторил како овластено лице на третопријавено правно лице – нотар, на тој начин што на 27.09.2023 без согласност и без присуство на оштетениот, прибрал, обработувал и користел лични податоци на оштетениот и заверил лажен договор за купопродажба на моторно возило, во кој е наведено дека сопствениот на возилото му го продава на И.А. од Гостивар во износ од 1.000 евра, во период кога оштетениот бил надвор од државата“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот