Фото: Инстаграм/ Taylor Swift

Уапсен е мажот што ја вознемируваше и следеше Тејлор Свифт

Еден човек е уапсен и обвинет за вознемирување и следење во близина на домот на Тејлор Свифт во Њујорк.

Дејвид Кроу (33) од Сиетл, бил уапсен во понеделникот по жалбите за „емоционално вознемирен маж кој постапувал неправилно“. Тој бил обвинет по две точки, за вознемирување и следење, соопшти полицискиот оддел на Њујорк, пренесува „Би-би-си“.

Инцидентот доаѓа неколку дена откако куќата на Свифт била цел на обид за упад. Во тоа време, пејачката била отсутна од дома, односно била заедно со своето момче Тревис Келче, играч од НФЛ, додека неговиот тим Канзас Сити Чифс играл против Бафало Билс.

Полицијата не потврдила дали осомничениот во првото апсење е поврзан со случајот со малтретирање и следење.

Свифт и претходно била мета на мажи кои ја следеле и вознемирувале во нејзиниот дом во Њујорк, Калифорнија и Род Ајленд.

Во 2022 година, еден човек бил уапсен бидејќи пијан возел автомобил до зградата на Свифт во Њујорк и наводно се обидел да влезе во нејзиниот дом.

Еден маж, Роџер Алварадо, упаднал во нејзиниот дом и полицијата го пронашла како спие во нејзиниот кревет. Тој бил осуден на шест месеци затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот