Фото: Архива на „Слободен печат“

Уапсен е албански државјанин, оштетил автомобили во Гази Баба

Вчера околу полноќ во Скопје бил уапсен 44-годишен државјанин на Албанија, кој бил пријавен дека претходно оштетил два автомобила во населбата Гази Баба, информираат од МВР.

„На 18.05.2025 во 23:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(44) од Република Албанија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 23:30 часот на подрачјето на Гази Баба, со употреба на физичка сила, оштетил две патнички возила „ауди“ и „фолксваген кеди“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на С.А.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!