
Уапсен Британец одговорен за кибер нападот што го наруши работењето на европските аеродроми
Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж како дел од истрагата за нападот со „ransomware“ врз компанијата „Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, што предизвика сериозни нарушувања во работењето на европските аеродроми.
Препорачано
Националната агенција за криминал – НЦА (NCA) соопшти дека маж на возраст од 40 години е уапсен во вторникот под сомнение за прекршоци според Законот за злоупотреба на компјутери и ослободен со кауција, јавија британските медиуми.
-Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата е во рана фаза и сè уште е во тек, рече заменик-директорот на Националната агенција, Пол Фостер.
Сè уште не е познато која криминална група стои зад хакирањето од минатата недела, а НЦА не објави дополнителни детали. „Ransomware“ е софтвер што кибер-криминалците го користат за шифрирање на податоци и барање откуп за нивно ослободување.
Бандите што го користат овој метод обично работат во сенка за да го избегнат вниманието на органите за спроведување на законот. Нападот врз „Колинс аероспејс“ е најновиот во низата кибер инциденти во Европа со значајни бизнис последици
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
5мин
-
7мин
-
10мин
-
17мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5