фото: ffm.mk

У21: Започнува продажбата на влезниците за дуелот Македонија – Италија

Од петок (5 септември) во 10.00 часот започнува продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година против Италија, кој ќе се одигра на 9 септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Влезниците по цена од 200 денари можат да се купат он-лајн преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.

После цели 31 година, Македонија повторно игра во Битола. Прв и последен пат тоа беше во 1994 година, против Шпанија, токму со репрезентациите до 21 година.

Поддржете ги младите надежи во големиот дуел против репрезентацијата на Италија во групата Е од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година.

Нашите фудбалски надежи ќе го почнат квалификацискиот циклус на гости в сабота (5 септември) во Краков против Полска (18.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!