
Твитер призна дека алгоритмите повеќе ја засилуваат поконзервативната и десничарската содржина
Алгоритмите на Твитер ја засилуваат поконзервативната и десничарската содржина, покажа интерна студија.
Препорачано
Речиси во сите анализирани земји, твитовите на конзервативните политичари беа засилени повеќе од твитовите на либералните политичари, призна Твитер, пренесува Еуроњуз.
Во меѓувреме, десничарските вести беа исто така засилени за корисниците на Твитер повеќе од левичарските вести.
Корисниците на Твитер кои избираат да гледаат содржина на нивната „почетна“ страница врз основа на алгоритмите на платформата – наспроти обратниот хронолошки редослед – гледаат повеќе политички објави, според студијата.
Твитер вели дека ќе спроведат анализа за да откријат зошто неговите алгоритми ја засилуваат содржината на десницата.
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, редовно го обвинуваше Твитер дека ги замолчува гласовите на десницата, но интерната студија покажува дека содржината на републиканците била промовирана на корисниците повеќе отколку на содржината на демократите.
Гигантите на социјалните мрежи претходно беа критикувани од левата страна затоа што не прават доволно за да се борат против дезинформациите.
Беа оценети политичари од четири европски земји – Франција, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство, како и официјални лица во Јапонија, Канада и САД.
Само корисниците на Твитер во Германија видоа повеќе содржини од левичарски извори отколку од десничарски извори.
Во меѓувреме, десничарските политичари во Обединетото Кралство имаа значително поголема веројатност нивните твитови да бидат изложени на повеќе корисници отколку левичарските политичари.
Но, Твитер наведе дека засилувањето не се базира на одредени партии, туку повеќе на политички ставови и прашања.
„Користевме јавни извори од трета страна — како што се официјалните институционални веб-страници — за да ја идентификуваме припадноста на политичките партии“, се вели во блогот на Твитер.
The latest from META — an analysis of algorithmic amplification of tweets from elected officials in Canada, France, Germany, Japan, Spain, UK, & US.
The team: @fhuszar, @s0f1ra, Conor O’Brien, @__lucab, @sagemintblue @mrtz. 1/nhttps://t.co/1RcTw5Rcbd
— Rumman Chowdhury (@ruchowdh) October 21, 2021
Руман Чоудри е директор на Твитер за етика, транспарентност и одговорност за машинско учење.
Руман Чоудри, директор за софтверско инженерство на Твитер, рече дека алгоритамското засилување може да има „негативен“ ефект.
„Алгоритамското засилување е проблематично ако постои повластен третман како функција на тоа како е конструиран алгоритмот наспроти интеракциите што луѓето ги имаат со него“, рече таа во објавата на блогот.
„Потребна е дополнителна анализа на основната причина за да се утврди кои, доколку ги има, промени се потребни за да се намалат негативните влијанија од нашиот алгоритам.
Твитер соопшти дека своето истражување ќе го стави достапно на трети страни, но не и „необработени податоци“ поради загриженоста за приватноста.
„Веруваме дека е од клучно значење да се проучат ефектите и да се споделуваат нашите наоди јавно“, објави Твитер.
„Овој напор е дел од нашата тековна работа да ги разгледаме алгоритмите низ низа теми“, додаде компанијата.
„Се надеваме дека со споделување на оваа анализа денес, можеме да помогнеме да поттикнеме продуктивен разговор со пошироката истражувачка заедница за испитување на различни хипотези за тоа зошто генерално гледаме релативно подесно политичко засилување на содржината на избраните функционери на Твитер“.