Фото твитер

„Твитер“ ги означи „Би-би-си“ и „Ен-пи-ар“ како медиуми финансирани од властите

„Твитер“ ги означи американскиот „Ен-пи-ар“ и британскиот јавен сервис „Би-би-си“ како медиуми „финансирани од владата“, откако „Ен-пи-ар“ првпат беше означен како „медиум поврзан со државата“ што укажува на недостаток на независност на уредувачката политика, пренесува „Би-Би-Си“.

Промената на начинот на кој „Твитер“ го означува Националното јавно радио (НПР) со седиште во Вашингтон се случи тивко во саботата навечер и дојде откако мрежата се пожали дека терминот „поврзан со владата“ е погрден и неточен, па „Твитер“ ја смени етикетата во „финансиран од владата“.

„Твитер“ минатата недела го означи „Ен-Пи-Ар“ на ист начин како кинеските и руските платформи контролирани од владите на тие земји. Во знак на протест, „Ен-Пи-Ар“ престана да „твита“.

Главниот твитер-профил на „Ен-пи-ар“ кој има повеќе од 8,8 милиони следбеници, ги повика корисниците „да ги најдат на друго место каде ќе можат да ги читаат вестите“. Извршниот директор Џон Ленсинг рече дека одлуката на „Твитер“ е „неприфатлива“.

„Твитер“ новата етикета му ја дал и на „Би-би-си“, од каде се обратиле до социјалната мрежа за објаснување, пишуваат медиумите.

„Би-би-си“ е независен и отсекогаш бил. Ние сме финансирани од британската јавност преку претплати“, пишуваат британските медиуми.

Претплатата, чиј износ го одредува владата, е 159 фунти годишно.

Профилот на „Би-би-си“, со 2,2 милиони следбеници, е означен, додека попопуларните профили поврзани со ударните вести и спортските изданија на корпорацијата во моментов не се опишани како такви.

Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск, го опиша „Би-би-си“ како една од „најмалку пристрасните“ организации откако радиодифузерот се спротивстави да биде означен како „медиум финансиран од владата“.

„Треба да напоменам дека ги следам вестите на Би-Би-Си на Твитер бидејќи мислам дека тие се меѓу најмалку пристрасните“, напиша Маск.

Во случајот со „Ен-Пи-Ер“, Маск напиша дека принципот на „Твите“р е едноставно „фер и еднаков“, па „ако ги означиме профилите кои не се од САД како владини, тогаш треба да го сториме истото и за сметките во САД, но звучи дека можеби нема да биде вистина овде“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот