Доналд Туск, полски премиер / Фото: EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK POLAND OUT

Туск: Во текот на ноќта регистрирани 19 упади во полскиот воздушен простор, активиран е Член 4 од НАТО

„Во текот на ноќта имаше 19 упади во полскиот воздушен простор, а голем дел од беспилотните летала влегоа од Белорусија“, изјави полскиот премиер Доналд Туск.

Тој додаде дека е потврдено соборувањето на три беспилотни летала, а уште едно чека потврда, пренесува Ројтерс.

Туск, исто така, рече дека Полска побарала од НАТО да го примени Член 4 од Северноатлантскиот договор во врска со нарушувањето на воздушниот простор на земјата од страна на беспилотни летала.

„Фактот дека овие беспилотни летала, кои претставуваа закана за безбедноста, беа соборени, ја менува политичката ситуација. Затоа, сојузничките консултации беа во форма на формално барање за активирање на Член 4 од договорот со НАТО“, рече Туск.

Член 4 од Северноатлантскиот договор прецизира дека „страните ќе се консултираат меѓусебно“ ако се заклучи дека нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот