Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Туск: Идејата за „неизбежен судир на патриотизам и глобализам е лажна и опасна”

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави на 74-та седница на Генералното собрание на ОН дека идејата за „неизбежен судир на патриотизам и глобализам е лажна и опасна”. Со тоа реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена дека иднината им припаѓа на „патриотите”, а не на „глобалистите”.

Туск прецизираше дека „патриотизмот од 21 век мора да има глобална димензија”.

Туск нагласи рече дека глобализмот е составен од лидери од минатото кои „ги игнорираат сопствените национални интереси”.

Туск, сепак, потсети дека историјата покажува како љубовта кон нечија земја лесно се претвора во омраза кон соседите.

Тој, сепак, не го спомна името на Трамп, кој беше најгласен меѓу лидерите кои зборуваа на популистички и националистички теми на ГС на ОН оваа недела.

Туск во својот говор рече дека наместо терминот глобализам подобро би го употребил терминот солидарност, што било името на про-демократското движење во неговата Полска во осумдесеттите години на минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот