epa08520138 Tourists enjoy at Opatija Riviera in Croatia, 01 July 2020. Some 500 Czech tourists arrive with the first train to Croatia as authorities reopened its borders to visitors from abroad following months of closure due to the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. According to the country's tourism minister, Gari Cappelli, Croatia has so far welcomed 350,000 foreign tourists traveling from within the European Union. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Туристичките работници очекуваат од новата Влада мерки за надминување на кризата

Се надеваме на слух и разбирање од нивна страна, бидејќи помошта ни е неопходна за да можеме да опстоиме, велат туристичките работници.

Туристичките работници очекуваат од новата Влада и Министерството за економија веднаш да преземат мерки за секторот туризам кој, како што велат, е најпогоден од Ковид кризата.

– Нашите барања се веќе доставени до министерот за економија Крешник Бектеши, кој е запознаен со огромните проблеми со кои се соочивме со затворањето на границите и неможноста да продолжиме да работиме и да егзистираме. Се надеваме на слух и разбирање од нивна страна, бидејќи помошта ни е неопходна за да можеме да опстоиме, велат туристичките работници.

Напоменуваат дека доаѓаат есенските и зимските денови, кои се сметаат за мртов период, а со неможноста да се реализираат летните аранжмани, уште повеќе им се отежнува ситуацијата.

– Голем дел од агенциите, превозниците и водичите со престанувањето на финансиската поддршка за плата не исплатија плати за јули и август, а веќе ни пристигнуваат опомени. Не сме во можност да ги покриеме ниту основните трошоци за плата, кирија, сметки и останатите тековни трошоци. Бараме конечна разврска на нашите проблеми, бидејќи се грижиме за работните места на вработените и нашата иднина. Подготвени сме да ги прикажеме извештаите од нашите приливи во изминатите шест месеци, за да докажеме дека состојбата е сериозна и не бараме да профитираме, едноставно да опстоиме додека да дојдат подобри времиња, посочуваат туристичките работници.

Очекуваат позитивен одговор од Владата, а во спротивно, како што велат, ќе бидат приморани да протестираат повторно.

Според податоците на туристичките работници, во овој сектор работат над 5000 лица, а затворање им се заканува на повеќе од 300 агенции. Тука спаѓаат и превозниците и туристичките водичи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот