
Турција ќе гради канал вреден 15 милијарди долари за да ги поврзе Мраморно и Црно Море
Министерот објасни дека Турција во почетната фаза од транзитот на бродовите ќе заработува милијарда долари годишно.
Турција планира да изгради пловен канал со кој ќе се намали метежот на Босфор.
Препорачано
За учество во проектот заинтересирани се, според министерот Чахит Турхан, холандски, белгиски и француски компании, пренесуваат турските медиуми.
Каналот долг 45 километри би требало да ги поврзе Мраморното со Црното Море. Освен тоа, според властите во Анкара, ќе се спречат поморските несреќи на Босфор.
Капацитетот на каналот ќе биде за три пати поголем од Босфорскиот теснец, а проектот би требало да биде завршен до 2026 година. Според Турхан, проектот би требало да чини вкупно 15 милијарди долари. Трошоците за градење ќе бидат околу 10 милијарди долари.
Министерот објасни дека Турција во почетната фаза од транзитот на бродовите ќе заработува милијарда долари годишно.
-Ако тргнеме од претпоставката дека тој канал ќе може да прими 68.000 бродови тоа за државната благајна ќе значи приход од пет милијарди долари. Тој износ ќе се остварува во подоцнежните фази, рече турскиот министер.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу им се придружи на критиките на еколошките активисти и урбанисти, предупредувајќи дека градот од 15 милиони жители, поради градежните работи ќе биде претворен во огромно градилиште. Истакна дека работата на терен ќе го уништи екосистемот кој е многу важен за животот во морето, но и за птиците преселници.
Отпор кон проектот преку петиција искажаа и жители на Истанбул.