Турција ја спаси палестинската архива за време на Арафат

Турција во 2019 година до палестинските власти достави копија од османлиската архива за Палестина

Турција ја спасила палестинската архива по барање на лидерот Јасер Арафат, изјави минатата недела еден поранешниот турски врховен судија.

Зборувајќи за агенцијата „Анадолу“, палестинскиот шеик Таисир Тамими рече дека еврејскиот милијардер Ирвинг Московиц (1928-2016) често го посетувал османлискиот архив во Турција за да земе копии од палестинските документи.

„Овој милијардер доби копии од сертификати за регистрација на земјиште на Западниот брег и ги искористи овие сертификати за да ја купи земјата од нивните сопственици, кои беа насилно протерани од нивните територии во војната во 1948 година“, изјавил шеикот.

Тамими вели дека бил испратен од Арафат во Турција во 2000 година да побара турска интервенција за да се спречи Московиц да копира палестински документи.

„Арафат ме замоли да направам копии од целата палестинска архива, акција која беше финансирана од Организацијата за исламска соработка“, рече Тамими.

Во 2019 година, Турција до палестинските власти доставила копија од османлиската архива за Палестина, која опфаќала околу 36.000 страници во 288 регистри, поврзани со палестинските земји за време на владеењето на Отоманската империја во Палестина меѓу 1516 и 1917 година. Архивата во моментов е под надзор на палестинскиот центар за наследство и исламски истражувања во градот Абу Дис во источен Ерусалим.

Арафат, како што е познато, се врати во Палестина во 1994 година по децениската борба против израелската окупација од странство. За време на втората палестинска Интифада, која избувна во 2000 година против посетата на тогашниот израелски премиер Ариел Шарон на комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим, израелските окупациски сили воведоа блокада врз резиденцијата на Арафат во градот Рамала на Западниот брег.На 11 ноември 2004 година, Арафат почина во Франција – под многу сомнителни околности – на 75-годишна возраст. Досега, лекарите не беа во можност да ја утврдат точната причина за неговата смрт. Палестинците го обвинуваат Израел за труење на Арафат, тврдење кое го негира Тел Авив.


 

Преземено од „Анадолу Агенција“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот