Турција започнува со изградба на ѕид на западната граница со Грција

Турција започнува со изградба на ѕид долг 8,5 километри на западната граница со Грција за да ги заштити своите граници, изјави гувернерот на турската западна провинција Едрене, Јунус Сезер.

Сезер на прес-конференција рече дека Турција ќе продолжи да го гради граничниот ѕид во согласност со понатамошниот развој на ситуацијата, пишува турскиот весник „Дувар“, објавија дел од медиумите од регионот.

Градоначалникот на Едрене истакна дека локалната администрација во септември минатата година изградила 325 километри патишта долж границата со Грција, а дека годинава продолжиле работите на изградба на електрооптички столбови, како и други мерки за заштита на границата со поддршка на министерствата за внатрешни работи и одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот