Фото: COLUMBIA PICTURES - Album / Album / Profimedia

Тупак Шакур конечно добива своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Американската рап икона, која се роди на њујоршкиот бетон, конечно ја добива честа на холивудскиот тротоар. На свечена церемонија на 7 јуни, легендарниот рапер, поет и актер Тупак Шакур, ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните, објави „Билборд“.

„Тупак Шакур беше рапер, актер, активист, поет и револуционер“, вели Ана Мартинез, продуцент на Холивудската патека на славните.

„Овој иконски уметник децении по неговото заминување, е и ќе продолжи да биде важна културна личност уште многу години. Сигурно, ѕвездата на Тупак ќе биде додадена на листата на најпосетувани ѕвезди“, додаде Мартинез.

Роден во Њујорк, Шакур своите години на формирање ги минува во Калифорнија. Тој е почитуван како легенда на Западниот Брег и инспирација за уметниците ширум светот, вклучувајќи ги Кендрик Ламар, Еминем, Џеј Кол, Дрејк, Ед Ширан, Џастин Бибер и безброј други.

Во Балтиморската школа за уметност, Шакур студирал глума, поезија, џез и балет. Во неговата рана кариера, Шакур беше познат како Ем-Си Њу Јорк (MC New York) пред да го земе називот Тупак (2Pac) за време на соработката со рап групата Диџитал Андерграунд (Digital Underground).

Како соло изведувач, Шакур го издаде својот деби албум „2Pacalypse Now“ во 1991 година. Тој издаде уште три албуми пред неговото фатално заминување на 25-годишна возраст. Сите албуми се најдоа на листата на Билборд 200, два од нив искачувајќи се на врвот.

По неговата смрт, беа објавени шест постхумни студиски албуми преку „Амару ентертејмнет“ (Amaru Entertainment), продуцентска куќа која ја основа неговата мајка и „Интерскоп рекордс“ (Interscope Records).

Домаќин на церемонијата по повод откривањето на ѕвездата на Булеварот на славните, ќе биде радио водителот Биг Бој, а гости говорници ќе бидат режисерот Ален Хјуз, писателот Џамал Џозеф и сестрата на Тупак, Секива „Сет“ Шакур, која ќе ја прими ѕвездата.

Церемонијата ќе се одржи во 10:30 часот по локално време и ќе се пренесува во живо овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот