фото: facebook/Дарко Костовски

Тунески и Стојановски меѓу најдобрите пет кадети во европското олимписко таеквондо

Убава вест за иднината на македонскиот олимписки врвен спорт, Теодор Стојановски и Ведрана Тунески се наоѓаат на врвот на европската ранг листа во кадетска конкуренција во олимпискиот спорт Таеквондо.

Стојановски и Тунески се двајца членови на Таеквондо клубот Бутел, младински државни олимписки надежи и таеквондо репрезентативци.

Стојановски е втор на официјалната европската кадетска ранг листа во неговата категорија -49 кг. со големи спортски успеси во последните две години и освоени медали од официјално рангирани турнири.

Тунески е петта на официјалната европска кадетска ранг листа во нејзината категорија -41 кг.

Таа е бронзен медалист на европско пионерско првенство и реди големи успеси од официјално рангирани турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот