фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Тудор ќе има задача со Јувентус да обезбеди пласман во ЛШ

Игор Тудор (46) стана тренер на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус откако беше сменет Тиаго Мота.

Тудор потпиша договор во неделата, а Јувентус објави дека хрватскиот стратег ќе го води клубот до крајот на сезоната.

– Тудор беше нашиот прв избор. Не само поради неговото минато во „црно-бело“, туку пред поради неговите технички, човечки и морални квалитети да го продолжиме нашиот проект – соопштија од Јувентус.

Хрватот ќе има за задача да го искачи тимот од петтото на четвртото место во преостанатите девет кола од Серија А и да го задржи. Таму Болоња е на само еден бод од нив. Но, покрај тој клуб, Јувентус за последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона конкурираат и Лацио, Рома, Фиорентина и Милан.

Воедно, по завршувањето на сезоната во Серија А, Тудор ќе го води Јувентус и на првото Светско клупско првенство, кое ќе се игра во САД во нов формат од средината на јуни до средината на јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот