фото: KF Shkëndija

Трумчи: Шкендија мора сериозно да го сфати дуелот со Башкими

Во рамките од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига и после репрезентативната пауза, актуелниот шампион Шкендија како противник го има тимот на Башкими. Сепак, овој меч за тетовските „црвено-црни“ ќе биде четврти сезонава, со оглед дека минатиот од четвртото коло беше одложен поради настапите на шампионот во плејофот во Лигата на Европа и натпреварите на нашата селекција до 21 година. Досега тимот има две победи и едно „реми“ во шампионатот.

Десниот бек на Шкендија, Александер Трумчи го најави денешниот натпревар против Башкими кој ќе се игра од 15.30 часот на Градскиот стадион во Тетово:

– Атмосферата во екипата е многу добра. Добро нѝ дојде малиот одмор, бидејќи поминавме еден период со многу згуснат распоред. Добро сме подготвени за натпреварот со Башкими. Го имаме анализирано добро противникот, и можам да кажам дека станува збор за многу сериозна екипа, и ние мораме сериозно да го сфатиме овој натпревар, да излеземе на терен, да дадеме максимум и да ги освоиме трите бода – изјави Трумчи.

Фудбалерот на Шкендија рече дека посакува многу публика, убава атмосфера во Тетово, со присуство на навивачки групи на двата тима.

– Со нетрпение очекуваме да играме пред нашата публика, затоа што ни недостасува на овие натпревари. Ќе го дадеме максимумот на секој меч да го освоиме првото место, што е и наша цел. Очекувам добра атмосфера на стадионот, затоа што и ние и нашиот противник има добри навивачи. Очекувам убав меч, во кој ќе уживаме и ние, и публиката која ќе дојде на стадионот – вели десниот бек на тетовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот