Фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Тројца се уапсени за големиот пожар во Прилеп, полицијата тврди дека намерно ја запалиле дивата депонија

Двајца прилепчани и битолчанец денеска се уапсени поради наводно намерно потпалување на дивата депонија на влезот во Прилеп, што предизвика голем пожар кој пожарникарите го гаснеа со часови.

Според МВР, тие ќе се гонат за предизвикување општа опасност. Од соопштението не може да се заклучи какви докази има полицијата за намерата на тројцата осомничени да ја потпалат депонијата.

„На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

ВИДЕО: Повторно гори ѓубре, сега во Прилеп – градот е обвиен во чадот од големиот пожар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот