Фото: Pexels/ Alanur Özbek

Тримесечно бебе било малтретирано од персоналот на Детската клиника, тврди семејството

Тримесечно бебе кое престојувало на лекување на Детската клиника во Скопје било малтретирано од персоналот на клиниката, тврди „Порталикс“. Членовите на семејството на бебето се сомневаат дека тоа се случило како резултат на вербален конфликт што го имале во текот на денот на приемот со медицинските сестри.

Како што објави медиумот, наводно, сестрите биле нервозни бидејќи мајката и бабата на бебето не знаеле да комуницираат на македонски јазик.

Откако за случајот ги известиле директорот на Kлиниката и началникот на одделението, тие се обиделе да ги убедат родителите на бебето да не зборуваат пред камери, под изговор дека сестрите кои го малтретирале бебето ќе бидат казнети со предупредување, пишува медиумот.

За ова, беше најавена прес конференција на министерот за здравство Арбен Таравари.

„Загрижени од сликите кои на социјалните мрежи ги објави новинарот Фуркан Салиу, министерот за здравство, Арбен Таравари ќе одржи прес во 20:30 во Клиниката за детски болести во Скопје“, информираа од кабинетот на министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот