
Трик во три лесни чекори: Еве како да го научите вашето куче да ве гушне
Постои ли нешто послатко од кучешка прегратка? Но, дали некогаш сте се запрашале дали кучињата навистина можат да научат да гушнат на команда и што всушност значи тој гест кај нив?
Препорачано
Кога ќе видите две кучиња како изгледа дека се „прегрнуваат“, најчесто тоа не е знак на нежност како кај луѓето, туку дел од нивната игра или начин да воспостават контрола во меѓусебната интеракција. Односите меѓу кучињата се динамични и тие често се менуваат во „главната“ улога, пишува „Љубимци“.
Сепак, кога едно куче ќе обвитка шепи околу друго, тоа може да биде резултат и на дресура. Едното куче е научено да седи мирно, а другото на знак од сопственикот да ги обвие шепите околу него.
Дали кучињата знаат што е прегратка?
Кучињата по природа не знаат што е прегратка и не сфаќаат зошто луѓето ги обвиваат со раце. За нив тоа може да биде непријатно чувство, бидејќи ги потсетува на ограничување. Некои раси, особено кучиња чувари како корги или бордер коли, имаат поголема одбивност кон ваквиот гест.
Сепак, доколку имаат доверба во својот сопственик и очекуваат позитивен исход (награда, пофалба или мазење), повеќето миленици ќе го толерираат или дури ќе го прифатат гушкањето.
Зошто некои кучиња реагираат агресивно?
Понекогаш, кога ќе видат луѓе како се гушкаат, кучињата можат да помислат дека станува збор за конфликт и да се вознемират или да заземат одбранбен став. Ако вашето куче реагира со агресија кога гушкате некого, најдобро е да се оддалечите и да го смирите. Доколку проблемот е чест, консултирајте се со дресер или ветеринар.
Како да го научите кучето да ве гушне?
Прв чекор: Допир
Играјте игра со леплива хартија. Поставете ја на подот и секојпат кога кучето ќе ја допре со шепа, наградете го со вкусна грицка.
Втор чекор: Нога
Потоа залепете ја хартијата на вашата нога. Кога кучето ќе ја допре со шепа, повторно наградете го.
Трет чекор: Подигање на шепата
Постепено ставајте ја хартијата повисоко – на потколеница, па колено. Кучето ќе почне да ја губи рамнотежата и природно ќе ги обвие шепите околу вашата нога.
Четврт чекор: Команда
Кога ќе научи движењето, воведете команда – на пример „гушни“. Наградувајте го секогаш кога ќе го изведе. Важно е да научи и на „остани“, за да ја задржи прегратката неколку секунди.
Со многу трпение, пофалби и награди, ќе добиете најслатката награда од сите – кучешка прегратка.