
Три најсовршени раси на кучиња за семејства со деца
Изборот на вистинската раса куче е клучен кога станува збор за домашен миленик, а таа одлука е уште поважна ако во семејството има деца, тврдат експертите за кучиња, пренесува „Мирор“.
Препорачано
Еден од најпознатите тренери и експерти, Вил Атертон, ги сподели своите врвни препораки за раси погодни за семејства, истакнувајќи три кои се познати по својот одличен темперамент и прилагодливост на децата.
Атертон вели дека е многу важно да се избере раса која одговара на динамиката на семејството, го надополнува вашиот животен стил и не внесува хаос во домот.
Ова се трите раси кои тој ги препорачува како симбол на семејни миленици:
Англиски мастиф
Прв избор на Вил е токму англискиот мастиф. Иако изгледа импресивно и можеби застрашувачки, овој огромен кучешки џин е нежен, интелигентен и многу грижлив. Лесно се вклопува во домашен живот и има мирна природа која е идеална за деца.
Златен ретривер
Класичен избор за семеен миленик – златниот ретривер. Познат по својот смирен темперамент, тој е секогаш нежен, дружељубив и расположен за игра. Вил вели дека овие кучиња имаат извонреден карактер, прекрасно се однесуваат со деца и други кучиња, и се вистинска радост во домот.
Лабрадор
За оние што размислуваат за четириножен другар за целото семејство, лабрадорот е извонреден избор: друштвен, весел и полн со љубов, особено кон најмалите. Се разбира одлично и со други домашни животни, секогаш е подготвен за авантура и игра. Имаат импресивна интелигенција и беспрекорна природа.