Фото: Илустрација

Три лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Струга

Три лица се повредени, од кои еден потешко во сообраќајка која се случило вчера на патот Охрид-Струга кај „Оровничка плажа“.

„На 15.09.2023 во 00.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(31) од струшкото село Франгово и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.О.(34) од селото Велешта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.О. и неговиот сопатник А.В.(23) од Велешта, констатирани во Општа болница Струга“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот