Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Тројца повредени откако малолетник со „фолксваген“ излетал од пат во Ресенско

Три лица се повредени откако вчера попладне малолетник со „фолксваген“ излетал од патот Ресен-Стење.

„Вчера во 14.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-Стење, на влезот во с.Царев двор, патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Ресен, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, сите од Ресен, констатирани во Клиничката болница Битола“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот