Три лица биле каснати од бездомни кучиња во Скопје

Три лица пријавиле во полиција дека биле каснати од бездомни кучиња на подрачјето на град Скопје.

Во Чаир, шеесет и деветгодишен скопјанец бил каснат од бездомно куче.

„На 27.11.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Чаир, Р.Б.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Галичник“ бил каснат од куче скитник“.

Триесет и четиригодишна скопјанка била касната од куче скитник во Парк шума Гази Баба.

„На 27.11.2023 во 15.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Ѓ.В.(34) од Скопје пријавила дека во Парк шума Гази Баба била касната од куче скитник“.

Прилепчанец бил каснат од куче во Карпош.

„На 27.11.2023 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, В.Ј.(64) од Прилеп пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот