Пасоши / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Три категории граѓани ќе можат без визи да патуваат во Британија, најавува Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека „сериозно се разговара“ со Велика Британија за три категории на граѓани од земјава да бидат ослободени од вадење визи.

Со ова, како што рече Николовски во интервју за „Канал 5“, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон.

– Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи и тие три категории ќе се покријат околу 80 проценти. Сè уште разговараме, рече Николовски.

Во однос на потпишаниот договор со Велика Британија и дали доколку се отвори прашањето за мигрантите, тоа ќе биде прифатено од наша страна, Николоски рече дека двете работи немаат врска.

– Нашиот став во однос на мигрантите е јасен и јасно ја кажавме нашата позиција. Не гледам дека тука нешто би се променило, нагласи Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот