Фото: Принтскрин

Три автобуси и едно комбе изгореа во близина на бензинска пумпа во Кочани

Ноќеска во пожар изгореа три автобуси и комбе на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинска пумпа кај Оризари.

Како што информира МВР, пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Штип, а за среќа нема повредени лица.

Во текот на денот ќе се изврши увид од екипа на ОВР Кочани за да се утврдат причините за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот