Руско-украинските преговори/ Фото EPA-EFE/SERGEI KHOLODILIN / BelTA /

Трета рунда преговори: Ќе се најде ли заеднички јазик меѓу Русија и Украина?

По една и пол недела војна, Украина и Русија се очекуваше да се сретнат на третата рунда преговори, за кои двете страни рекоа дека може да се одржат денеска. Локацијата и точното време на разговорите првично не беа соопштени.

Двете делегации последен пат се состанаа во регионот Брест во западна Белорусија на две рунди мировни преговори и се договорија да има хуманитарни коридори за градовите Мариупол и Волноваха за да се олесни евакуацијата на цивилите. Сепак, обидот за евакуација на Мариупол не успеа вчера, соопштија од Кремљ и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Русија и Украина ја разменија вината за непридржување кон договорениот прекин на огнот.

Шефот на украинската делегација за разговори со Русија, Давид Арахамија, ги отфрли суштинските барања на Русија како „неприфатливи” во интервју за Фокс њуз.

– Не би рекол дека се движиме брзо затоа што секојдневно има ногу убиени луѓе, особено цивили, рече тој вчера на прашањето за напредокот на преговорите.

– Тешко е, искрено, но ние се уште демонстрираме одреден напредок. Барем две групи се слушаат меѓусебно и активно разговараат за различни работи.

Арахамија додаде: „Единствените делови за кои е речиси невозможно да се договорат се Крим и таканаречените републики кои Русија инсистира да ги признаеме како независни. Тоа не е прифатливо во украинското општество”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот