Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Трета недела низ цела држава недостигаат учебници, Јаневска вели дел ќе обезбедат од донација

И по две недели од почетокот на новата учебна година, училиштата се уште ги немаат сите учебници.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска за време на денешната посета на општина Гази Баба, рече дека се обидуваат да обезбедат донација за најголем дек од учебниците, за кои призна дека недостигаат низ цела држава. Но, таа рече и дека има и несоодветно распоредени учебници во некои училишта, па каде има вишок, ги префрлаат во оние каде недостасуваат.

„Дефинитиво постои едно недоразбирање кое во иднина ќе треба да го решиме, иако многупати сме зборувале и Министерството многу пати повикуваше што сѐ треба да се направи. Во овој момент праќаме дописи до училиштата, ќе продолжиме понатаму да ги допрецизираме правилниците за децидно да им биде кажано што, како и во кој период треба да направат за во иднина да немаме вакви проблеми. За дел од проблемите бараме и изнаоѓаме решенија и голем дел од учебнците ќе можеме да ги надоместиме на разни начини, а во иднина се надевам дека нема повеќе да имаме вакви пробелми затоа што сметам дека веќе го воспоставивме тој стабилен систем за снабдување со учебници“ рече Јаневска во одговор на новинарско прашање дали ќе има одговорност за директорите кои не процениле добро колку учебници им се потребни.

Иначу, министерката на прес-конференцијата на 11 јуни, рече дека на 1 септември ќе ги има сите учебници, вклучително и за странски јазици. Таа им порача на училиштата да не им делат парталави учебници на учениците, туку да ги пријават истите во електронскиот систем на МОН, а тие ќе бидат заменети со нови учебници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот