bfm.mk

Тренерот на БК Шкупи пронајде чанта со пари и ја врати на сопственикот

Сопственикот на чантата е Ѓокица Стојановски, поранешен ракометен голман на Вардар, Пролет и Југ.

Нашиот тренер на репрезентацијата, Насер Харуни, воедно и тренер во боречкиот клуб Шкупи е херојот на денот.

Тој најде чанта со пари и ја врати на сопственикот, тоа е Ѓокица Стојановски, поранешниот ракометен голман на Вардар, Пролет и Југ.

Тренерот ја потврди веста, чесноста пред сè, тоа е карактеристика на сите наши тренери кои работат во боксот, Харуни е пример за тоа, информираат од Боксерската федерација на Македонија.

Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари. По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата.

bfm.mk

Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборев со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади, деца. Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници.

Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото. Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар – напиша Харуни на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!