Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Тренерот кој ја спаси Верона од испаѓање седна на клупата на Лацио

Неодамна беше потврдено дека Игор Тудор го напушта Лацио по само неколку месеци поминати на клупата, а денеска римскиот клуб го објави и името на тренерот кој го наследува.

Наследник на Тудор е искусниот Марко Барони кој во изминатата сезона ја водеше екипата на Верона и заврши на 12. позиција во Серија А.

Барони е 61-годишен тренер со големо искуство, но досега не работел во екипа од горниот дел на табелата во Серија А. Во кариерата претходно ги водеше Пескара, Новара, Беневенто, Фросиноне, Кремонезе, Реџина и Лече.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барони бил голема желба на Лотито, додека ултрасите на Лацио сметаат дека овој човек не се совпаѓа со амбициите кои ги има клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот