Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Трендафилов: Утре ќе протестираме за повисоки плати за да си ги дозволиме цените во супермаркетите

„За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите“, рече денеска првиот синдикалец Слободан Трендафилов.

Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за утрешниот протест, истакна дека замрзнувањето на цените и маржите даде само половичен резултат.

Се покажа, дека трговците се алчни и дека на грбот на работниците создаваат огромен капитал.

-Синдикалната минимална кошничка покажа дека само 6,78 отсто се намалени цените на 63-те основни производи што ги мериме ние. Не беше ни блиску до 10 или на 10 отсто како што ветуваа тргвоците. За жал, Владата, како и многу пати досега, е изиграна од нивна страна. Се надевам дека нема да дозволи да ја изиграат по трет, четврти и петти пат. За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите. Се покажа дека трговците се алчни и дека на грбот на работниците создаваат огромен капитал. Се надевам дека тоа нема да биде случај и на 2 мај. Доколку биде случај, ќе ги преземеме сите мерки што ни се на располагање и кои во минатото ја поттикнаа Владата да носи мерки кои ќе траат и на подолг рок, напомена Трендафилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот