јована тренчевска
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика / Утрински брифинг

ВИДЕО | Тренчевска за УБ: Очигледно дека на СОНК само парите им се важни, не зборуваат за унапредување на правата на вработените

Штрајкот во образованието и згрижувачката дејност, односно во основните и средните училишта и во градинките, влезе во втората недела откако синдикалците членови на СОНК, како што соопштија, го одбија усниот предлог од Владата за линеарно зголемување на платите од 2.500 денари од јуни, за што ќе се разговара во Собранието на РСМ.

Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика за Утрински брифинг вели дека правото за штрајк е регулирано со Закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Тие се децидни дека работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК. Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, вели Тренчевска.

– Член 240 го дава правото на штрајк, а член 241 се однесува на тоа дека синдикатот треба да исплати плата. Ова е штрајк за барање унапредување на работничките права. Со одлуката за штрајк СОНК се повикува на усогласувањето со минималната плата, а законот за минимална плата има рок од шест месеци за усогласување, вели Тренчевска.

Таа додава дека од вработените во градинките се барало да се води евиденција кој штрајкува за работодавачот т.е. државата да може да им исплати плата на оние кои редоно оделе на работа, а другите треба да ја побараат платата од СОНК.

– Очигледно дека на СОНК само парите им се важни. Не зборуваат за унапредување на правата на вработените, за условите за работа, кариерен развој и т.н. Ние за ова разговараме и наскоро ќе има закон. Но, на средбите со синдикатот единствено за што се зборуваше беше усогласувањето на платите со минималната плата, вели Тренчевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

ВИДЕО | Тренчевска: Штрајкувачите платата да ја бараат од СОНК, Владата понуди колку што е реално во услови на криза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот