Фото: Фејсбук / Гордана Сиљановска Давкова

Трамп ѝ пушти честитка на Сиљановска Давкова за Денот на независноста, ѝ ја пренела амбасадорката Агелер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на „Фејсбук“ сподели дека претседателот на САД Доналд Трамп ѝ упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.

„Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември, се наведива во објавата“, пишува претседателката.

„Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување!“, пишува во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот