Трамп во Велика Британија: Државната посета засенета од уапсени поради проекции со Епстин

Доналд Трамп во Лондон го пречекаа проекции од него и Џефри Епстин на замокот Виндзор, организирани од активисти кои протестираат против државната посета на американскиот претседател. Тие синоќа проектираа негови фотографии со покојниот финансиер Џефри Епстин, обвинет за сексуални злосторства, на една од кулите на замокот Виндзор.

Локалната полиција соопшти дека уапсила четири лица во врска со случајот, пренесе „Гардијан“.

Британската активистичка група „Led by Donkeys“, чие име беше напишано за време на проекцијата, која траеше неколку минути, често организира хумористични кампањи за да ги повика политичарите на одговорност.

Епстин изврши самоубиство во затвор во 2019 година додека чекаше судење по обвинението за трговија со малолетни девојчиња. Случајот беше отфрлен по неговата смрт.

Минатата недела, британскиот амбасадор во Вашингтон, Питер Манделсон, беше отпуштен поради неговите врски со Џефри Епстин.

Претседателот на САД, исто така, е вмешан во скандалот, но тој негира каква било вмешаност во наводните злосторства на покојниот американски милионер.

Се очекува илјадници луѓе денеска да протестираат во Лондон против втората државна посета на Трамп на Велика Британија, за време на која тој планира да го избегне главниот град и публицитетот воопшто, пренесуваат медиумите.

Десетици активисти се собраа пред замокот Виндзор вчера попладне – дури и пред авионот на американскиот претседател да слета на аеродромот Станстед.

Еколозите, исто така, ја прекинаа вечерата организирана од здружение поврзано со Републиканската партија на Трамп. Еден активист го обвини американскиот претседател дека го води светот „на патот кон фашизам и климатски колапс“.

Денеска, британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила треба да ги пречекаат Трамп и неговата сопруга Меланија во замокот Виндзор, околу 35 километри западно од Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот