Трамп тврди дека предлогот за вбризгување средства за дезинфекција бил сарказам

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп ги повлече вчерашните тврдења за вбризгување на дезинфициенсите во организмот како можно лекување на заразените лица и рече дека само бил саракстичен

Трамп наиде на остри критики од експертите откако синоќа на прес-конференција во Белата куќа предложи да се истражи може ли заболени од коронавирусот да се лекуваат со вбризгување на дезинфициенти во организмот или со изложување на силни УВ зрачења.

На новинарско прашање да ги коментира критиките и исмејувањата кои ги предизвика со тие тврдења, Трамп денес во Белата куќа рече дека синоќа бил саркастичен.

„Саркастично им поставив прашање на новинарите, само да видам што би било. Им поставив многу саркастично прашање на новинарите за вбризгување на дезинфекциските средства”, рече Трамп и додаде дека тие средств го убиваат вирусот и дека работите би оделе кон подобро кога вирусот би бил уништен.

Од компанијата „Рекет Банкистер” (Reckitt Banckiser) ја предупредија јавноста дека средствата за дезинфекција ниту во било кој случај и ниту под било кои околности не смеат да се пијат, ниту вбризгуваат во организмот.

Би-Би-Си јавува дека еден од водечките произведувачи на дезинфициенсите апелираше на граѓаните тие производи и средствата за хигиена да ги користат исклучиво по упатствата кои се испечатени на пакувањата.

На конференцијата во Белата куќа синоќа се претставени резултати на американското истражување кое покажа дека коронавирусот може да ослабне со исложување на сончевата светлост и топлина. Истражувањето покажа дека белилото може да го убие вирусот во течност или со респираторни течности за пет минути, а изопропилниот алкохол уште побрзо.

Иако е истакнато дека на резултатите треба да им се пристапи со внимание, претседателот Трамп предложи понатамошно истражување.

Новинарите веднаш на конференцијата предупредија дека со таквите изјави Трамп би можел да предизвика дополнително ширење на дезинформации во јавноста, а бројни лекари и медицински експерти ги негираа тврдењата на Трамп.

Меѓу првите се огласија лекарите Вин Гуопта и Кашиф Махмуд кои порачаа дека внесувањето на средствата за чистење во организмот е неприфатливо и дека тоа е метод кој луѓето воглавно го користат со суицидни намери. Им порачаа на луѓето да не ги слушаат советите на Трамп.

Експерт од Кабинетот за Наука и технологија при Министерството за внатрешна безбедност на САД, Вилјен Брајан, исто така соопшти дека предлозите на Трамп се неприфатливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот