Фото: Donald Tramp / ZUMAPRESS.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Трамп: Трпението со Путин ми се троши брзо, мора да настапиме силно

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин се истрошува, но не најави нови санкции во врска со војната во Украина, објави Ројтерс.

На прашањето дали му се истрошило трпението со Путин, Трамп рече:

– Да. На некој начин се истрошува и тоа многу брзо. Ќе мора да настапиме многу, многу силно.

Трамп рече дека санкциите кон банките и нафтата се една од опциите, како и царините, но дека и европските земји мора да учествуваат.

– Но, јас тоа веќе го направив. Направив многу – изјави Трамп.

Тој посочи дека Индија – еден од најголемите купувачи на руска нафта – се соочува со 50 отсто царина на својот извоз во САД.

– Тоа не е лесна работа. Тоа е голема работа и предизвикува јаз со Индија. И запомнете го ова: ова е проблем на Европа многу повеќе одошто наш проблем – изјави тој во програмата „Фокс енд френдс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот