Доналд Трамп / EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO / POOL

Трамп со ултиматум до Хамас: Имаат три или четири дена да одговорат – ако не, тоа ќе биде тажен крај

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас има рок од три до четири дена да одговори на неговиот мировен предлог за Појасот Газа, предупредувајќи дека во спротивно ќе се соочи со последици.

-Хамас или ќе го стори тоа или нема, а ако не го стори тоа, тоа ќе биде многу тажен крај – изјави Трамп, пренесе Би-Би-Си.

Тој додаде дека израелските и арапските лидери веќе го прифатиле планот и дека „само чекаме на Хамас“. На прашањето дали има простор за преговори, Трамп рече: „Не многу“.

Според мировниот план на Белата куќа, во рок од 72 часа од јавното прифаќање на договорот од страна на Израел, би требало да заврши конфликтот меѓу Израел и Хамас, а сите заложници, живи или мртви, да бидат вратени. Потоа, Израел би ослободил повеќе од 1.000 палестински затвореници, вклучувајќи и неколку стотици осудени на доживотен затвор.

Планот предвидува и воспоставување на привремена „технократска и аполитична“ влада која би управувала со секојдневните работи во Газа, без учество на Хамас. Работата на таа влада би била надгледувана од „мировен комитет“ со кој би претседавал самиот Трамп, а во него би учествувал и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Според документот, членовите на Хамас кои би се откажале од оружјето и прифатиле мирен соживот со Израел ќе бидат амнестирани, а оние кои би сакале да ја напуштат Газа ќе добијат заштитен премин кон своите земји на одредиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот