
Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на европските сојузници во НАТО дека САД ќе помогнат во нивната одбрана во случај на руски напад.
Препорачано
Прашан од новинарите дали ќе помогне да се брани Полска и Балтичките држави ако Русија продолжи со ескалациите Трамп одговори – Ќе помогнам“
НАТО денеска подигна два германски авиона „Еурофајтер“ како одговор на руски воен авион кој летал над Балтичкото Море, соопштија германските воздухопловни сили. Авионот, кој првично не можел да се идентификува, летал во меѓународен воздушен простор без план за лет или радио контакт.
Германските ловци полетале од воениот аеродром Росток-Лаге на северот од земјата.
Германските вооружени сили чуваат дополнителни авиони во состојба на готовност за да го заштитат воздушниот простор на источното крило на НАТО по серијата неодамнешни нарушувања на воздушниот простор на Алијансата од страна на Русија.
По тврдењата на НАТО сојузниците за зачестени нарушувања на возушниот простор од руски авиони, на барање на Естонија утре ќе биде одржан вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. Во период кога НАТО сојузниците размислуваат како да одговорат на упадите на руски борбени авиони, германскиот пратеник Јирген Харт, портпарол за надворешна политика на парламентарната група од конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц, повика да се разгледа можноста за соборување на руските воени авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО. –
На Кремљ му е потребен јасен знак стоп, вели Харт во статија објавена денеска од германската медиумска група Р&Д. Тој тврди дека „само јасна порака до Русија дека на секое воено нарушување на границата ќе биде одговорено со воена сила, вклучително и соборување на руски борбени авиони над територијата на НАТО“. – Алтернативата би била руската воена логика да продолжи да ескалира.
Сега се нарушува воздушниот простор, наскоро ќе биде бомбардирање на поединечни цели, а потоа ќе дојдат руски војници, предупредува Харт. Сојузниците на НАТО ќе се состанат следната недела на консултации откако Естонија соопшти дека три руски борбени авиони нелегално влегле во нејзиниот воздушен простор во петокот. Една недела претходно, полските и сојузничките сили прв пат соборија руски беспилотни летала над територијата на НАТО.
Потоа, најмалку 19 беспилотни летала влегоа и во Полска, потсетува ДПА. Полска ги собори беспилотните летала во својот воздушен простор со поддршка на воени авиони од други земји-членки на НАТО.