Трамп г7 фото ЕПА

Трамп повторно номиниран за Нобелова награда за мир

Неколку републикански членови на американскиот Конгрес повторно покренаа иницијатива за доделување на Нобелова награда за мир на претседател Доналд Трамп, наведувајќи ја неговата наводна клучна улога во посредувањето за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, пишува Ен-Би-Си.

Конгресменот Бади Картер од Џорџија објави на социјалната мрежа Икс дека официјално го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир, велејќи дека сака да ја признае неговата „историска улога во постигнувањето прекин на огнот и спречувањето на најголемиот спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

Сенаторката Кејти Бојд Брит од Алабама, исто така, изјави дека Трамп „заслужува Нобелова награда за мир за историските договори што ги постигна на Блискиот Исток и низ целиот свет“.

Конгресменот Дерел Иса од Калифорнија потсети дека го номинирал Трамп за Нобелова награда уште во март оваа година.

Ен-Би-Си, повикувајќи се на висок функционер на Белата куќа, соопшти дека Трамп навистина бил вклучен во процесот што доведе до најновото примирје меѓу Израел и Иран, но деталите за неговата улога не се официјално потврдени.

Во историјата, четири американски претседатели ја добиле Нобеловата награда за мир: Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон, Џими Картер и Барак Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот