Доналд Трамп и Диди / Фото: EPA

Трамп потврди: „Диди побара претседателско помилување“

Претседателот Доналд Трамп потврди дека Шон „Диди“ Комбс побарал претседателско помилување во врска со неговиот федерален кривичен случај, пренесува „Си-ен-ен“.

Додека разговараше со Кејтлан Колинс од „Си-ен-ен“ во понеделникот во врска со потенцијалното помилување на поранешната девојка на Џефри Епштајн, Гислен Максвел, Трамп спомена дека „многу луѓе го замолиле за помилување“, вклучувајќи го и Комбс, кој во петокот беше осуден на повеќе од четири години затвор за неговата пресуда по две точки од обвинението за транспорт за вршење проституција.

Трамп ги сподели информациите со новинарите во понеделник во Белата куќа, потврдувајќи дека добил конкретно барање во врска со Комбс. „Го викам Паф Деди; ме замоли за помилување“, рече претседателот.

Според извори, тимот на Диди контактирал со Белата куќа веднаш откако раперот бил осуден на 50 месеци затвор минатиот петок. Барањето наводно го поднело лице многу блиско до Диди, кое разговарало со службено лице од Белата куќа кое има директен пристап до Трамп.

Претседателот не прецизираше за време на разговорот со новинарите дали ќе го одобри барањето на Диди, оставајќи ја својата одлука отворена засега.

Минатата недела, судијата Арун Субраманијан го осуди Диди на 50 месеци затвор или нешто повеќе од четири години, за две обвиненија за организирање превоз со цел проституција. Покрај затворската казна, тој го казни и со парична казна од 500.000 долари, максималната сума што можеше да ја изрече.

Судијата Арун Субраманијан рече дека нема сомнение дека Шон Диди Комбс бил посветен на своето семејство, но го отфрли обидот на одбраната да ги прикаже неговите забави и хотелски ноќи како интимни, консензуални искуства или како „приказна за секс, дрога и рокенрол“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот