Украински бегалци на границата со Словачка/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Трамп планира да депортира 200.000 Украинци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид.

Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од фондовите за странска помош за репатријација на луѓе од активни конфликтни зони, вклучувајќи околу 500.000 Хаиќани.

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита што им овозможи легално да останат во САД, бидејќи не можеа безбедно да се вратат во своите татковини.

Но, со враќањето на администрацијата на Трамп и заострувањето на имиграциската политика, ситуацијата се менува.

Трамп претходно најави започнување на „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел отстранување меѓу 15 и 20 милиони мигранти од земјата. Според нацрт-документите, планот е развиен откако Министерството за внатрешна безбедност на 5 мај објави дека мигрантите кои доброволно ќе се вратат во своите земји ќе можат да добијат финансиска помош во износ од 1.000 долари.

Освен Украинци и Хаиќани, во документите се споменуваат и Авганистанци, Палестинци, Либијци, Суданци, Сиријци и Јеменци како потенцијални цели на идните депортации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот