Доналд Трамп/Фото: EPA/KEVIN DIETSCH / POOL

ВИДЕО | Трамп: Одлуката за „томахавките“ до Киев практично е донесена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека практично донел одлука во врска со испораката на крстосувачките ракети „томахавк“ на Украина, но дека сè уште сака да чуе како Киев планира да ги користи, објави Ројтерс.

„Да, веќе донесов одлука, во основа. Сакам да знам што ќе прават со нив, каде ќе ги испратат“, им рече Трамп на новинарите.

Иако не даде детали, американскиот лидер нагласи дека не сака конфликтот во Украина дополнително да ескалира.

За потсетување, прашањето за испорака на ракетите „томахавк“ на Киев предизвика бројни дискусии во САД и Европа, бидејќи станува збор за оружје со долг дострел чија употреба би можела значително да влијае на текот на војната.

Претходно, американските аналитичари предупредија дека таквата одлука би можела да го зголеми ризикот од директен конфликт меѓу Вашингтон и Москва.

Путин: Испораката на ракети „Томахавк“ во Украина ќе ги уништи односите меѓу Русија и САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот