Трамп: Кризата со коронавирусот за САД е полоша од нападите врз Перл Харбур и 9/11

Во терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, загинаа околу 3.000 лица

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека последиците од пандемијата на коронавирусот ги засегнаа САД посилно од Перл Харбур во текот на Втората светска војна или нападите врз Светскиот трговски центар од 11 септември 2001 година, пренесоа француските медиуми.

-Тоа е полошо од Перл Харбур, полошо од Светскиот трговски центар. И никогаш не би требало да се случи, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Изненадувачкиот напад на Јапонија врз военопоморската база „Перл Харбур” на Хаваите во 1941 година ги вовлече САД во Втората светска војна.

Во терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, пак, загинаа околу 3.000 лица, а најмногу во Светскиот трговски центар, предизвикувајќи две децениски војни на САД и антитерористички операции во Ирак, Авганистан и други земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот