Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Трамп го прогласи инцидентот во мормонска црква во Мичиген за „напад врз христијаните“

Претседателот на САД, Доналд Трамп го осуди денешниот „уште еден целен напад врз христијаните“, откако вооружен маж отвори оган во Мормонска црква во американската сојузна држава Мичиген, пренесе Ју-ес-еј тудеј.

Во инцидентот еден човек загина, а деветмина се повредени.

– Осомничениот е мртов, но сè уште има многу да се научи. Се чини дека ова е уште еден целен напад врз христијаните во САД, објави Трамп на својата социјална мрежа.

Тој додаде дека „мора веднаш да заврши епидемијата на насилство во земјата“.

Нападот врз Мормонската црквата во Гранд Блан, град на 96 километри северозападно од Детроит, се случил за време на неделната миса, на која присуствувале стотици луѓе. Напаѓачот, 40-годишен маж, прво со возило се залетал во црквата, а потоа отворил оган од автоматска пушка врз верниците, по што и ја запалил црквата.

Напаѓачот е убиен во престрелка со полицијата.

ВИДЕО: Гори црква во Мичиген, имало пукање и еден човек загинал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот